Нејмар може да си замине: ПСЖ ја најде замената за Бразилецот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ има шанса да земе неколку фудбалери во трампа за Нејмар, па така би го комплетирале составот за следната сезона.

Според англиските медиуми, Парижаните ја пронашле замената за Нејмар, а тоа е Лирој Сане, кој не е во добри односи со тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола и сака да го напушти клубот.

Германецот очекува следната сезона да биде во сенка на Марез, кој многу добри ги искористи своите шанси во тимот, па поради тоа Сане сака да замине од Манчестер.

Освен ПСЖ, за Сане е заинтересиран и Баерн Минхен, но „граѓаните“ бараат 100 милиони евра, па засега не е познато дали некој од клубовите е подготвен да ја понуди таа сума.