Неверојатно: Навивач впери пиштол во фудбалер кој изведуваше пенал! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Немила сцена се случи на натпревар во мал фудбал во Бразил и го остави светот зачуден. На турнир еден фудбалер од Фамилија 19 бил изложен на неверојатен притисок.

Морал да шутира пенал пред навивачите на противникот, домаќините, додека еден пиштол бил вперен во него.

Како што може да се види на снимката неколку домашни навивачи му пришле и му кажале нешто на уво.

Еден од нив пред да биде изведен пеналот извлече и пиштол и го држеше надвор додека фудбалерот не промаши.

Потоа навивачот со пиштолот тргна бурно да ја слави победата на својата екипа.