Милан мора да жртвува еден од тројцата најдобри за да донесе идеален партнер за Пјонтек


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан летово донесе пет нови фудбалери, во клубот пристигнаа Тео Ернандез, Рафаел Леао, Раде Круниќ, Исмаел Бенасер и Лео Дуарте.

Тие ги продадоа Патрик Кутроне и младиот Стефан Симиќ, додека добија и пари за Локатели и Густвао Гомез.

Тие работат на ново засилување, но засега не успеаа да го ангажираат Анхел Кореа, зашто немаат доволно пари и ќе мора да продадат еден од тројцата најдобри фудбалери.

Тоа значи дека Милан ќе мора да се ослободи од Џанлуиџи Донарума, Кеси или од Сусо, доколку сака да го ангажираат Кореа.

За Сусо не постои конкретен интерес, додека за Донарума интерес покажа ПСЖ, кој би можел до крајот на преодниот рок да тргне по неговиот потпис.