Френк Рибери кариерата ја продолжува во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот француски фудбалер, Френк Рибери кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Серија А.

За сега веќе поранешниот фудбалер на Баерн Минхен сериозен интерес има од редовите на Фиорентина која веќе стапила во контакт со претставниците на играчот.

Според италијанските медиуми, „виолетовите“ во своите редови посакуваат едно големо име, а изборот паднал на Френк Рибери.

Освен Рибери, Фиорентина ја разгледува опцијата за ангажман на Марио Балотели, но тоа ќе се случи само ако францускиот фудбалер не се договори со клубот.