Зидан се откажа од Србинот: Јовиќ заминува на позајмица во Италија!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што беше објавено и претходно, шпанските медиуми пишуваат дека Зинедин Зидан сака да го испрати Лука Јовиќ на позајмица, откако не бил задоволен со неговите настапи на пријателските средби, на кои не постигна ниту еден гол.

Јовиќ го чинеше Реал Мадрид 60 милиони евра, а останува да видиме дали Зидан ќе го пушти напаѓачот на позајмица без ниту еден настап на официјалните натпревари.

Во секој случај постои голем интерес за Јовиќ, кој би можел да замине на едногодишна позајмица, а најсериозни во намерата да го ангажираат се Рома и Интер.

Поради тоа што судбината на Един Џеко е неизвесна, Рома наводно е заинтересирана за позајмица на Санчез, но засега не е познато дали може тоа да го издржи буџетот на Римјаните.