Симеоне задоволен: Феликс е одличен, но мора уште да напредува!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне вели дека Жоао Феликс ги исполнил неговите очекувања во првиот меч, кој се одигра во шпанската Ла Лига, но смета дека младиот фудбалер мора уште многу да напредува.

Феликс дебитираше за Атлетико во шпанското првенство против Хетафе.

„Првиот меч во сезоната никогаш не е лесен. Игравме против одличен тим. Не оставаа никаков простор за Феликс, сепак младиот играч покажа што може и се надевам дека во иднина ќе напредува уште повеќе“, вели Симеоне.

Да потсетиме, Феликс стана втор најскап тинејџер во историјата на фудбалот кога се пресели од Бенфика во Атлетико за 126 милиони евра.