Обамејанг со храбра изјава: Сакаме во Лигата на шампионите, но ја сакаме и титулата во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал за прв пат по десет години запиша две победи по првите две кола во Премиер лигата и во моментов заедно со Ливерпул е на врвот на табелата.

Во првото коло беше поразен Њукасл, додека во второто на „Емирејтс“ падна Барнли, а сега најдобриот стрелец на „топчиите“ од минатата сезона даде храбра изјава.

„Донесовме добри засилувања кои ќе ни помогнат. Минатата сезона не бевме далеку од Лигата на шампионите. Што и да се деси, за нас најважна цел  е да се вратиме во Лигата на шампионите. Покрај тоа, сакаме да се бориме за титулата, многу добро знаеме дека големите тимови се подготвнеи, и ние сме исто подготвени“- истакна Обамејанг.