Шпанците пишуваат: Барселона во очај ја испратила последната понуда за Нејмар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите шпански медиуми пишуваат дека Барселона ја испратила последната понуда до ПСЖ за нивната ѕвезда Нејмар, за која веќе долго време се заинтересирани.

На состанок на Барселона било решено Каталонците да му понудат на ПСЖ да го пушти Нејмар на позајмица во каталонскиот гигант, а на крајот на сезоната тие да го откупат Бразилецот.

Причината за таквата понуда на Барселона бил буџетот, кој веќе го потрошиле на другите засилувања и нивни плати, па немаат доволно средства за Бразилецот.

Барселона на почетокот на преодниот рок нудеше двајца фудбалери и 40 милиони евра, но ПСЖ не го прифати тоа, па сега Каталонците со последната понуда ќе се обидат да го убедат францускиот шампион да го пушти Нејмар.