Управата на „Камп Ноу“ одржа состанок: Барселона има последна понуда за Нејмар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Летниот преоден рок наскоро завршува, а уште не е решена иднината на Нејмар. Веќе долго време се шпекулира дека за него се заинтересирани Барселона и Реал Мадрид, но засега нема конкретни информации.

Неколку понуди заминаа на адреса на ПСЖ, кои вклучуваа пари и неколку фудбалери на Барселона, меѓутоа парижаните ги одбија.

Француските медиуми пишуваат дека управата на Барселона денеска имала состанок на „Камп Ноу“, па се договорила да испрати последна понуда.

Каталонците мора да понудат околу 170 милиони евра на ПСЖ, а доколку е тоа во форма на позајмица, тогаш откупната клаузула мора да биде задолжителна на крајот на сезоната.

Исто така, Каталонците треба да вклучат фудбалер во понудата, а најмногу се споменува Осман Дембеле, кој сака да го напушти „Камп Ноу“.