Дортмунд со провокација до Барселона: Мора да вежбаме корнери (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Извлекувањето на групите за новата сезона во Лигата на шампиони беше одржано денеска во Монако.

И оваа сезона ќе гледаме спектакуларни дуели, зашто добивме неколку одлични групи. Една од нив е Групата Ф во која се Барселона, Борусија Дортмунд, Интер и Славија Прага.

Веднаш откако беа извлечени групите, Дортмунд се огласи на Твитер и ја провоцираше Барселона, а притоа ги налути Каталонците.

Од Дортмунд ја „пецнаа“ Барселона и порачаа дека сега е време да вежбаат корнери, а притоа мислеа на реваншот од полуфиналето од минатата сезона кога каталонскиот клуб прими неверојатен гол од Ливерпул.

По тој гол за 4-0, Барселона испадна од Лигата на шампиони, иако во првиот меч славеа со 3-0 на домашен терен.