Мекгрегор го „нападна“ Порие: Го избришав подот со тебе за 90 секунди! (ФОТО)

Дастин Порие загуби од Хабиб Нурмагомедов во третета рунда, па така не успеа да го освои шампионскиот појас во лесна категорија во УФЦ.

Сепак, Порие не сака да паузира долго, па посака борба против Конор Мекгрегор, со кој се бореше пред пет години, но загуби, па сега има шанса да му се реваншира.

Мекгрегор, од друга страна, не ја дели истата идеја со него, па сака само борба против Хабиб и никој друг, па затоа жестоко му одговори на Порие.

„Го избришав подот за 90 секунди со тебе. Треба да го изговараш моето име со поголема почит. Мекгрегор не е следен, ку*вин сине! Мекгрегор е целта секогаш. Кажи го тоа и можеби ќе размислам за борба меѓу нас“, порача Мекгрегор.

Advertisements