На „Енфилд“ напорно се работи: Четири ѕвезди добиваат нови договори


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул има одличен тим сезонава, а тоа го потврдија минатата сезона со освојувањето на Лигата на шампиони, а во моментов се лидери во Премиерлигата.

Според „Експрес“, приоритетот на Ливерпул е во наредниот период да потпишат нови договори со четири ѕвезди.

Преговорите со Вирџил Ван Дајк, најдобриот дефанзивец во светот, уште траат и се очекува Холанѓанецот наскоро да ја продолжи соработката.

Потоа на ред пристигнува неговиот партнер од одбраната Џоел Матип, а потоа Вајналдум и Џејмс Милнер.

Да потсетиме, Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Садио Мане претходно потпишаа нови договори, па Јирген Клоп нема намера да прави големи промени во следниот период.