Франција го урна САД во четвртфиналето на Мундобаскетот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарската репрезентација на Франција се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, откако го совлада САД со 89-79.

Првиот период донесе израмнета кошарка од двете страни. Двата тима имаа период во играта во кој беа подобри, а по десет минути резултатот беше 18-18.

Французинот во цела втора четвртина имаа предност, па одиграа одлично во одбрана и заминаа на шест поени предност на полувреме (45-39).

Франција во третата четвртина стигна и до +10, но САД се врати во игра, па успеа да го преземе водството (66-63).

Во последната четвртина се водеше голема борба, а Франција беше подобра во финишот, па успеа да слави со 89-79.

Најефикасен кај Французите беше Фурнир со 22 постигнати поени, а кај САД најдобар беше Мичел со 29 поени.