Јувентус и Тотенхем се договориле за размена на играчи во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите на Островот пренесуваат дека Јувентус и Тотенхем се договориле за размена на играчи во јануарскиот преоден рок.

Имено, се очекува во јануари да се случи една интересна размена по која Кристијан Ериксен ќе заврши во Торино, а во обратен правец ќе се пресели Пауло Дибала.

Ериксен  посакува да си замине од Тотенхем, а Пауло Дибала не е во плановите на Јувентус, па двата клуба ќе се обидат да ја искористат ситуацијата и да си ги разменат играчите.

Инаку Тотенхем се договори со Јувентус и во летниот преоден рок за ангажман на Дибала, но Аргентинецот одби да се пресели во Лондон.