Подобро Нејмар да не се враќа во Париз, еве што го чека


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ по завршувањето на преодниот рок проба да ја испегла ситуацијата околу Нејмар, кога дел од навивачите не сакаа ни да го видат на стадионот.

Оние најжестоките се закануваат со соработка со клубот, но и со жестоки последици, доколку Нејмар се појави на теренот.

Тој е спремен нема причина да не игра против Стазбур во сабота попладне, но Тухел сеуште е во дилема. Ги нема на располагање ниту Мбапе, ниту Кавани, но дали вреди да ја ризилува непријателската атмосфера на „Паркот на принцевите“ во овој натпревар.

Може да го одложи проблемот за Лигата на Шампионите, но тоа нема да значи ништо, навивачите и тоа не мал број, се закануваат со бојкот, доколку Нејмар биде во конкуренција за натпревар.

Многумина сметаа дека тој во тимот би требало да се врати на првото гостување, за десетина дена во Лион, но тој став не го поддржуваат поголем дек од поранешните играчи.

Викаш Дорасо кој сега е коментатор, кажува дека тоа би било доказ на слабот на клубот, а легендарниот Луис Фернандез мисли дека подобро е Нејмар да „влезе во огнот и да ја отупи острицата на протестот“.

Од Франција и понатаму стигнуваат вести дека на Ал Келафи и Леонардо од Катар им било наложено по секоја цена да го продадат Нејмар веќе во јануари и дека сигурно тој ќе заврши во Барселона.

Сепак треба да помине врела есен во Париз.