Фјури не знае за пораз – го совлада и Валин во Лас Вегас!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британскиот боксер Тајсон Фјури ја одбрани титулата во супертешка категорија, откако со судиска одлука го победи Швеѓанецот Ото Валин во Лас Вегас.

Фјури доби неколку тешки удари и повреда над десното око. На крајот Британецот славеше со едногласна одлука на судиите (118-110, 117-111, 116-112).

„Тоа беше одлична борба. Поголемиот дел од времето не можев да гледам поради повредата на десното око. Потоа добив уште една рана. Ниту тој досега не знаеше за пораз, но јас бев подобар“, порача Фјури.

Тоа беше втората борба на Фјури во договорот со „ЕСПН“, откако во мај со нокаут го совлада Том Шварцман од Германија.

Фјури има 31 година, а во професионалната кариера има 29 победи, од кои 20 со нокаут.