Одбојкарите запишаа историја: Голема победа против Белорусија, шансите за 1/8 финале мали, но додека постојат, ќе ги бркаме…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија дојде до историска победа на Европското првенство кое се игра во Словенија.

Нашите момци стигнаа до првата победа во историјата откако со 3:1 по сетови (25:23, 25:27, 20:25) ја совладаа Белорусија.

Со овие три бода остануваме во игра за пласман во осминафиналето, но за тоа ќе мора да ја совладаме домашната селекција на Словенија која ќе оди на победа за да се пласира на првата позиција во групата.

Нашата репрезетнација беше предовдена од капитенот Никола Ѓорѓиев кој беше феноменален и на крајот на натпреварот зад своето име запиша високи 37 поени.