Жозе Мурињо го прокоментира евентуалното враќање во Реал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некои од шпанските медиуми после поразот кој го доживеа Реал од ПСЖ (3:0) во Лигата на Шампионите, отворено повикаа на замена на Зинедин Зидан.

Се појавија и шпекулации дека Реал после францускиот стручњак може да го превземе Жозе Мурињо, кој за своето враќање на клупата на Кралевите говореше многу претпазливо.

„Беше голема чест да работам во Реал Мадрид“, а потоа го искоментира Зидан и неговата моментална позиција во клубот:

„Би сакал се да се смири околу Зидан. Не би сакал да разговарам за повраток во Реал, бидејќи имаат тренер кој не е било кој. Моето враќање ќе се случи кога ќе дојде време за тоа.“