Трампа на повидок: Јувентус во јануари нуди двајца фудбалери за Погба!?

Пол Погба остана на „Олд Трафорд“, иако цело лето се шпекулираше дека ќе го напушти Манчестер јунајтед.

Французинот најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид, иако подоцна се појави информација дека го сака и Погба.

Погба не е среќен што мора да го носи дресот на „црвените ѓаволи“, а „Тутоспорт“ објави дека Французинот во јануари може да се врати во Јувентус.

Овој 26-годишен фудбалер помина четири години во Јувентус пред да замине во Англија и нема ништо против идејата да се врати.

Се шпекулира дека „Старата дама“ ќе ги понуди Емре Џан и Марио Манџукиќ во замена за Погба во зимскиот преоден рок.