Од битката меѓу Велс и Хрватска, најдебелиот крај го извлече – Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид се соочува со големи проблеми, откако во мечот меѓу Велс и Хрватска (1-1) во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, се повредија две ѕвезди.

Лука Модриќ се враќа повреден во Шпанија, откако предвреме го заврши мечот и очигледно неговата повреда е тешка, а тоа го потврди и докторот на хрватската фудбалска репрезентација.

Вториот проблем за тренерот Зинедин Зидан е повредата на Герет Бејл, кој исто така се пожали на повреда во текот на мечот, но сепак не сакаше да го напушти теренот.

Тренерот на Велс потврди дека Бејл доживеал незгоден удар и поради тоа се пожалил на повреда, но и покрај тоа решил да остане на теренот.