Реал Мадрид објави соопштение за повредата на Лука Модриќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ заработи повреда на мечот меѓу Велс и Хрватска во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а тоа ги шокираше фановите на Реал Мадрид.

Хрватскиот доктор кажа дека Модриќ ќе паузира само два-три дена, но очигледно проблемот е многу поголем од што се очекуваше, барем така тврдат докторите на „кралскиот клуб“, кои му направиле прегледи на Хрватот.

„Модриќ има голем оток на десната нога, поточно на квадрицепсот, па во моментов трае рехабилитацијата“, соопштија „кралевите“.

Тоа е голем проблем за шпанскиот гигант, зашто би можеле да останат без хрватскиот репрезентативец во мечот против Барселона на 26 октомври, но сите се надеваат дека ќе се врати Хрватот до тогаш.