Конте носи екстра-засилување во нападот: Ибрахимовиќ ќе потпише за Интер!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антонио Конте, по повредата на Алексис Санчез, се наоѓа во големи проблеми, па реши да побара ново засилување во јануари.

Италијанските медиуми пишуваат дека Конте разгледува опции за ангажирање напаѓач во јануари, а изборот паднал на три имиња.

Прв на листата е Марио Манџукиќ, кој наводно е блиску до Манчестер јунајтед, па тешко може да се поверува дека ќе го избере Интер.

Второ име е Златан Ибрахимовиќ, кој лесно би можел да се врати во Европа, а последна опција во моментов е Оливие Жиру, напаѓачот на Челси.

Сепак, останува да видиме за кој напаѓач ќе се одлучи искусниот тренер.