„Тутоспорт“ му посвети внимание на Михајловиќ: Синиша, добредојде во Торино (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот медиум „Тутоспорт“ го следи мечот меѓу Јувентус и Болоња во Торино, па му посака добредојде на српскиот тренер Синиша Михајловиќ.

Медиумот од Торино на насловната страна во прв план го стави Михајловиќ, заедно со колегата од Јувентус, Маурицио Сари и директорот Павел Недвед.

„Синиша доаѓа во Торино да се види со големиот пријател Сари и ‘малиот брат’ Недвед“, пишува во текстот на „Тутоспорт“.


Да потсетиме, Михајловиќ се бори со леукемијата, па досега успешно ги помина третманите, а сега се очекува да добие дозвола од докторите за да присуствува на мечот во Торино.