Федерер одбива да се пензионира: Швајцарецот откри на кои турнири ќе игра наредната сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер ги откри своите планови за наредната сезона.

Како што најави претходно, Федерер ќе игра на Олимписките игри во Токио, а пред тоа ќе се натпреварува на Роланд Гарос што беше под знак прашалник.

„Ќе го одиграм Ронланд Гарос. Најверојатно нема да се натпреварувам на многу турнири пред него, особено бидејќи ќе настапувам и на Олимписките игри“, рече Федерер и додаде:

„Во распоредот ќе бидат Роланд Гарос, Хејл, Вимболдон, Олимписките игри и после тоа можеби Синсинати, па УС Опен“.

Швајцарецот уште еднаш ги демантираше шпекулациите за пензионирањето иако многумина сметаат дека на Роланд Гарос наредната година ќе дојде за да се испрати со публиката во Париз.

„Кога сте здрави, како мене, тогаш сакате да играте“, рече Роџер.