Претседателот на Ла Лига бесен поради „Ел Класико“: Ќе загубиме еден куп пари…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанската Ла Лига вчера официјално потврди дека „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид е одложено, иако требаше да се одигра на 26 октомври.

Мечот меѓу лутите ривали беше закажан за следната сабота во 13 часот, но поради безбедносни причини, Ла Лига реши да се одложи мечот, а истиот ќе се игра на 18 декември во вечерен термин.

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас е разочаран со развојот на ситуацијата и порача дека поради тоа ќе загубат многу пари.

„Поместувањето на Ел Класико не им наштети само на нашите фанови во Кина, туку на сите на Блискиот Исток, Индија, Јапонија, Индонезија, Австралија, Виетнам, Сингапур… Сега луѓето нема да можат да го следат Ел Класико и ќе загубиме многу пари поради тоа“, вели Тебас.