Шпанците тврдат: Иско заминува од Мадрид, познат е неговиот нов клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Иско во јануари планира да побара дозвола за да го напушти Реал Мадрид.

Сезонава Иско не игра премногу под водство на Зинедин Зидан, па поради тоа ќе побара дозвола да го напушти „кралскиот клуб“.

Најважните натпревари Иско веќе некое време ги почнува од клупата, а очигледно Зинедин Зидан е подготвен да се откаже од него.

Талентираниот фудбалер, кој на 27 години требаше да биде на врвот на кариерата, не е ниту меѓу 15. најважни фудбалери во Мадрид и очигледно тоа нема намера повеќе да го трпи.

Како потенцијални нови клубови за Иско се споменуваат Манчестер сити и Јувентус, а Шпанците пишуваат дека најверојатно Шпанецот ќе се реши за преселба во Италија.