Му се ближи крајот на Куртоа, Реал Мадрид најде нов голман?

Белгиецот Тибо Куртоа пристигна во Реал Мадрид како големо засилување пред повеќе од една година за 35 милиони евра, но тој разочара сезонава со неговите настапи.

Куртоа доби предност пред Кејлор Навас, кој беше продаден во ПСЖ, а сега станува јасно дека направиле голема грешка.

Голманот е во лоша серија, па нема знаци дека нешто ќе се промени во блиска иднина и управата го губи трпението.

Тие се подготвуваат да ангажираат замена за Куртоа, а изборот паднал на 22-годишниот Унај Симон од Баскија, па за неговите услуги „кралевите“ се подготвени да платат околу 50 милиони евра.

Се очекува новиот голман да се бори со Куртоа за местото меѓу стативите.