Димитријевиќ со херојски потег му донесе вредна победа на Хувентуд (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ имаше добар настап за Хувентуд, кој славеше минимално (80-78) против Нантер во Еврокупот.

Димитријевиќ имаше неверојатен потег во последниот напад, па погоди за два поени и притоа изнуди прекршок за дополнително слободно фрлање.

Македонскиот кошаркар успеа да го погоди и дополнителниот шут, па му донесе триумф на неговиот тим од 80-78.