Не им треба нов тренер: Баерн под водство на Флик ја сомле Борусија Дортмунд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Баерн Минхен славеше убедлива победа против Борусија Дортмунд во дербито на колото во германската Бундеслига.

Баварците со високи 4:0 го совладаа конкурентот за титулата и дојдоа на третата позиција на табелата в Бундеслигата.

Баерн славеше со головите на Левандовски кој погоди два пати, Гнабри и Матс Хумелс кој си ја затресе сопствената мрежа.

Ова е втора победа, во вториот натпревар на привремениот тренер на Баерн, Ханс Дитер ФЛик кој има гол разлика од 6:0.