Бензема гази кон врвот: Французинот го надмина Пушкаш од вечната листа на „кралевите“ (ФОТО)

Францускиот напаѓач Карим Бензема игра одлично сезонава во дресот на Реал Мадрид, па во минатото коло постигна да гола против Еибар и така го симна легендарниот Ференц Пушкаш од вечната листа со најдобри стрелци.

Бензема во својата кариера во шпанскиот гигант постигна 157 голови, односно еден повеќе од легендарниот Пушкаш и сега е на шестото место.

Французинот сега е закана и за Хуго Санчез, кој е на петтото место со 164 голови, па би можел Бензема во следните неколку кола да го надмине и него.

Далеку на врвот е Кристијано Роналдо со неверојатни 311 голови, втор е Раул со 227, Ди Стефано има 216 и Сантиљана има 186, па токму тој и Санчез се реални мети на Бензема сезонава.