„Енфилд“ не може никој да го освои: Ливерпул го реши и Манчестер сити (ВИДЕО)

Ливерпул славеше во големото англиско дерби со 3-1 против Манчестер сити во 12. коло, па го продолжи походот кон титулата во Премиерлигата.

За само 13 минути Ливерпул успеа да поведе со 2-0, откако во листата на стрелци се запишаа Фабињо и Мохамед Салах, додека Садио Мане во 51. минута зголеми на 3-0.

Во финишот од мечот Бернардо Силва успеа да намали на 1-3, но и покрај доминацијата во последните минути, сепак не успеаа да освојат барем бод на „Енфилд“.