Ниту Мурињо, ниту Венгер: Баерн Минхен враќа поранешен стратег на клупата!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред повеќе од една недела Нико Ковач доби отказ од Баерн минхен и од тој момент Баварците бараат негова замена.

Се споменуваа голем број тренери, меѓу кои и Арсен Венгер и Жозе Мурињо, како и Масимилијано Алегри и Ралф Рагник, а сега дојде реот и можеби на најголемото име кое се поврзува со Баерн.

Германските медиуми пишуваат дека постои можност да се врати Пеп Гвардиола во Минхен, а тие шпекулации се појавија по поразот на Манчестер сити од Ливерпул со 1-3 на „Енфилд“.

Доколку Ливерпул успее да ја освои титулата, тогаш тоа најверојатно ќе значи крај за Гвардиола, кој на крајот на сезоната ќе ги преземе Баварците.