Тотенхем посакува поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Дејли Стар“ пишува дека од редовите на Тотенхем посакуваат в своите редови да го донесат поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мемфис Депај.

Холанѓанецот блеска во дресот на Лион, па токму затоа „петлите“ ќе треба да платат најмалку 50 милиони фунти за да ги обезбедат неговите услуги.

Депај си замина од Манчестер Јунајтед во 2017 година за сума од 15 милиони фунти, а се верува дека во договорот има клаузула според која доколку Лион се одлучи да го продаде играчот прво ќе мора да го контактира Манчестер Јунајтед.