Диего Симеоне сериозно запна за искусен напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне сериозно запнал во неговиот клуб да пристигне еден искусен напаѓач.

Имено, популарниот Чоло сака да го ангажира искусниот Единсон Кавани кој ја игра последната сезона во тимот на ПСЖ.

Кавани е најдобар стрелец во историјата на францускиот клуб постигнувајќи 195 погодоци на вкупно 288 натпревари за ПСЖ.

Во јануари тој ќе биде слободен да преговара со неговиот следен клуб во кој би се преселил следното лето како слободен агент.