Челси и Тотенхем во битка за напаѓач кој растура во Лига 1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси и Тотенхем ќе водат вистинска битка во јануарскиот преоден рок за да го обезбедат потписот на 24 годишниот напаѓач на Мец, Хабиб Диало.

Напаѓачот блеска оваа сезона во Лига 1 и веќе има постигнато осум погодоци на 13 средби за клубот кој се мачи со реализацијата оваа година. Имено Мец има постигнато само 11 гола оваа сезона во Лига 1, а дури осум од нив се дело на Диало.

Интересно е што францускиот клуб би го пуштил играчот за сума  од „само“ 10 милиони фунти што и тоа како е прифатлива и за Челси и за Тотенхем.

СЕ верува дека на Челси ќе им биде укината трансфер забраната на 24 ноември оваа година, па тие ќе можат да донесат засилувања во јануари.

Освен овие два клуба можноста да го донесат Диало во своите редови ја разгледуваат и Лестер и Њукасл.