Мората за црвениот картон поради кој го пропушти големото дерби: Да го носев дресот на Реал…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алваро Мората оваа сезона во дресот на Атлетико Мадрид има одиграно 10 натпревари во Ла Лига и има постигнато 5 погодоци.

Моментално 27-годишниот напаѓач игра во одлична форма и во последните шест натпревари во сите натпреварувања тој има постигнато погодок.

Мората од почетокот на сезоната има пропуштено три натпревари во Ла Лига. Двата беа поради повреда а една како казна поради добиениот црвен картон на натпреварот против Мајорка.

Тогаш напаѓачот на Атлетико влезе во игра во 69. минута а веќе во 77. мораше да го напушти теренот и по завршувањето на натпреварот тој бил бесен поради одлуката  бидејќи го пропушти дербито против Реал Мадрид.

Шпанецот практично во рок од неколку секунди доби два жолти картони Првиот го доби поради фаул врз Кампос, а другиот беше поради приговорот кој му го упати на главниот судија.

Сега Мората за радиото Marca рече дека тоа сигурно не би се случило доколку тој игра за својот поранешен тим, Реал Мадрид.

„Да го носев дресот на Реал, сигурно е дека одлуката во Мајорка би била поразлична“, рече Мората.