Полицијата е на штрек: Конте добил анонимна закана со – куршум во писмо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Интер, Антонио Конте според италијанските медиуми, добил полициска заштита, откако добил писмо во кое се наоѓал куршум и заканувачка порака.

„Кориере дела Сера“ и „Газета дело Спорт“ пишуваат дека Конте добил писмо од анонимен испраќач, а во него има сериозни закани.

Куршумот во писмо во Италија е познат како начин на застрашување, а слична порака во минатото добија и неколку италијански политичари.

Почната е истрага веднаш по пријавата, а Конте добил полициска заштита, па тие се поставени пред куќата на тренерот и пред тренинг-кампот на Интер.

Да потсетиме, Конте неколку пати беше навредуван и критикуван од навивачите на Јувентус, неговиот поранешен клуб.