Николов побрз од судискиот свиреж, Македонија води против Израел (Видео)

Репрезентацијата на Македонија на одличен начин го заокружи првото полувреме затоа што во самиот финиш успеа да постигне погодок преку Бобан Николов.

Играчот од средниот ред со одличен удар го совлада гостинскиот голман и донесе заслужено водство за нашата репрезентација која доминираше во поглед на шансите во првите 45. минути.