Тотенхем го доби лондонското дерби: Деби-победа за Мурињо во новиот клуб (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо тргна со победа во неговиот нов клуб Тотенхем, откако во лондонското дерби го совлада Вест хем со 3-2.

Сон Хеунг-Мин погоди во 36. минута за водство од 1-0 на Тотенхем, а седум минути подоцна Лукас зголеми на 2-0.

На стартот на второто полувреме во листата на стрелци се запиша и Хари Кејн, кој донесе убедливо водство, по што домаќинот се отвори бидејќи немаше што да загуби, па преку Антонио и Огбона намали само на 2-3.

Тотенхем ја прекина црната серија, па со новите три бода се искачи на шестата позиција, на која ќе остане барем привремено, со 17 бодови, колку што имаат Шефилд јунајтед и Арсенал.