Го победи ракот, а сега ќе дебитира за сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед на гостувањето во Казахстан кај Астана ќе патува со голем дел млади фудбалери кои играат за у23 тимот на „ѓаволите“.

Солскјер ќе направи големи претумбации во тимот во кој се очекува шанса да добијат само оние играчи од првиот тим кои не добиваа многу минутажа или кои беа подолг временски период надвор од терените поради повреда.

Во тимот на Јунајтед ќе биде и младиот Макс Тејлор на кого пред нешто повеќе од 12 месеци му беше дијагностициран рак. По успешните хемотерапии, Тејлор се врати на тренинзите на вотриот тим на „ѓаволите“ и одигра неколку средби во Премиер лига 2, а сега го доби и првиот сенироски настап и ќе биде во комбинација за деби за првиот тимна Манчестер Јунајтед.