„Брадата“ со 60 поени ѝ се „истури“ на Атланта и испиша историја


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Хјустон рокетс на домашен терен ја совладаа Атланта хокс со 158-111 со невероајтен настап на Џејмс Харден, кој постигна 60 поени.

Домаќините беа во водство од почетокот до крајот на мечот, а дилема за победникот немаше ниту во еден момент.

Кога станува збор за Харден, тој го одигра најдобриот натпревар сезонава, а притоа испиша историја, зашто сите поени ги постигна за само 31 минута. Ова му беше четврти меч со 60 или поеќе поени во кариерата, па така се израмни со Мајкл Џордан, а пред него се Вилт Чемберлејн и Коби Брајант.

Во останатите натпревари Сакраменто славеше против Денвер со пресврт, Филаделфија беше подобар од Индијана, а Милвоки беше незапирлив против Шарлот.