Ливерпул во јануарскиот преоден рок добива големо засилување

Екстра талентираниот фудбалер на Борусија Дортмунд и член на репрезентацијата на Англија, Џејдон Санчо уште во јануари ќе си замине од редовите на германскиот клуб.

Според поранешниот фудбалер и сегашен новинар, Јан Аге Фјортфот, Санчо се одлучил да си замине од Борусија.

Истиот новинар според извори од Германија пренесува дека Ливерпул е најблиску до потписот на фубалерот кој остави значаен печат во дресот на Борусија Дортмунд.

За Санчо има интерес и од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид кои исто така сакаат да го видат во своите редови.