Дрогба откри интересна анегдота на вечерашната церемонија: Одбил да се слика со младо момче во 2009 година, тоа момче било…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Челси, Дидие Дрогба е еден од водителите на денешната манифестација на која се доделуваат наградите на најдобрите поединци за изминатата сезона.

Дрогба на манифестацијата пренесе една навистина интересна анегдота од пред десет години кога одбил да се слика со едно мало детенце.

„Пред десет години по натпреварот со Барселона, едно дете дојде до мене и сакаше да се фотографираме. Тогаш реков не затоа што бев премногу нервозен поради одлуките на судиите. Подоцна дознав дека тоа дете било Килијан Мбапе. Сега сакам да си го вратам долгот“ –истакна Дрогба кој потоа го повика Мбапе да се фотографираат со сите присутни во салата.