„Лука Дончиќ во моментов е најдобар кошаркар во НБА-лигата“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лука Дончиќ ја игра втората сезона во НБА-лигата во дресот на Далас Маверикс, а секој ден добива пофалби за неговите настапи.

Почна од тоа дека е најдобар млад кошаркар во лигата до тоа да заврши во Топ-10 кошаркари во цела НБА-лига, а сега многумина го сметаат и за најдобар во светот, иако сигурно ќе има и такви кои нема да се согласат со тоа.

„Може да се дискутира за тоа дека е најдобар кошаркар во НБА. Поради тоа мора да играте цврста одбрана против него. Во секој случај, делува како никој да не може да го запре“, кажа Џеф Тиг.

Дончиќ игра одлична сезона со Далас, па во просек по меч постигнува по 30,7 поени, 10,3 скокови и 9,4 асистенции, а тоа се неверојатни бројки за 20-годишен кошаркар.