Роналдо им се довери на пријателите и ги „запали“ навивачите на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо во 2018 година го напушти Реал Мадрид и се пресели во Јувентус, а 18 месеци подоцна Португалецот на некои свои пријатели им открил дека згрешил со преселбата во Италија.

Шпанските медиуми пишуваат дека Роналдо почнал да чувствува носталгија кон Мадрид, иако такво нешто никогаш јавно не признал.

Шпанците тврдат дека Роналдо им се доверил на своите пријатели и им порачал дека направил грешка со преселбата во Јувентус затоа што смета дека доколку останел во Мадрид, тогаш ќе ја освоел „Златната топка“ барем уште еднаш.

Роналдо во Јувентус добива 30 милиони евра годишно, а во Италија му пречи и тоа што медиумите му даваат предност повеќе на Пауло Дибала пред него.