Најнепосакуван тек на настаните за Адеми и Динамо Загреб: Хрватскиот тим загуби од Сити и испадна од европските натпреварувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Динамо Загреб претрпе пораз од 4:1 пред своите гледачи на „Максимир“ од англискиот гигант Манчестер Сити.

Хрватскиот тим дојде до водство со голот на Дани Олмо, а до крајот на полувремето резултатот го израмни Габриел Жезус.

Истиот играч во вториот дел постигна два гола за водство од 3:1, а конечниот резултат го постави Фил Фоден.

Аталанта го фати последниот воз за елиминационата фаза откако со 3:0 славеше на гостувањето кај Шахтјор и од последната позиција стигна до второто место во групата и си обезбеди европска пролет во најелитното натпреварување под капата на УЕФА.

Ваквиот резултат од Украина не му одеше во прилог на Динамо Загреб кој падна на последното место во групата и сега нема да игра ниту во Лига Европа на пролет.