Роналдо откри кога сака да се соочи со Реал Мадрид: Би потпишал веднаш…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо во 2018 година во трансфер вреден 100 милиони евра се пресели од Реал Мадрид во Јувентус.

Јувентус на титула во Лигата на шампиони чека повеќе од две децении, па за да се прекине црната серија тие го ангажираа Роналдо.

Во првата сезона на Роналдо во Јувентус, „Старата дама“ беше запрена во четвртфиналето, а сезонава се надеваат дека ќе стигнат до финалето.

Можен противник на Јувентус во осминафиналето е Реал Мадрид, а Роналдо сака да ги избегнат „кралевите“ во првата нокаут-рунда.

Роналдо во досегашниот дел од сезоната од елитното натпреварување постигна два гола, а ждрепката за осминафиналето е во понеделник.