Неверојатен дочек на играчите на Аталанта во 3 наутро!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Аталанта во својата дебитантска сезона во Лигата на Шампионите успеа да се квалификува во нокаут фазата во ова натпреварување и тоа веднаш после расплетот во групата Ц.

Успехот на тимот од Бергамо е огромен ако ги земеме во предвид трите кола каде што имаа исто толку порази, а после четвртото на своето конто имаа се на се еден бод.

Меѓутоа тие не се предадоа и со малку среќа им се поклопија резултатите во останатите натпревари и така се најдоа помеѓу 16 најдобри тимови на Стариот континент.

Во последното коло го совладаа Шахтjoр во гости со резултат од 3:0 и со пласман во нокаут фазата инкасираа околу 40 милиони евра.

По враќањето во Бергамо на аеродромот во три наутро ги дочека армија од навивачи која заедно со своите љубители го прославија овој историски успех со спектакуларна баклијада.