Хорхе Лоренцо пред потпис за Јамаха


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хорхе Лоренцо се пензонираше пред неколку седмици, но очигледно е дека не може без моторциклите.

По пишувањето на Газета дело Спорт, Лоренцо се наоѓа пред потпис за Јамаха каде ќе биде ангажиран како тест возач за јапонскиот тим.

Лоренцо со Јамаха осви три светски титули, а неговото враќање во тој тим значи дека повторно ќе соработува со Валентино Роси.

“Би сакал Лоренцо да биде наш тест возач бидејќи е брз и би можел да ни помогне”, кажал легендарниот Италијанец.

Доаѓањето на Лоренцо го најави и директорот на Јамаха Лин Џарвис кој кажал дека бара квалитетен возач од Европа за тест возење.