На Паркот на принцовите е постигнат најсмешниот автогол (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ вчера на домашен терен против Сент Етјен во меч од четвртфиналето од францускиот Лига куп победи со 6:1.

Светците поведоа во втората минута кога Икарди погоди за 1:0. Вториот гол го видовме во 39. минута, а овој пат во листа на стрелците се запиша Нејмар.

Но, моментот што го обележи мечот се случи во 44. минута. Тогаш е виден најсмешниот автогол во последно време.

Топката се одби од двајца играчи на гостите која удри во статива за на крај да го погоди голманот Мулин и да заврши во мрежата.